Поврзете се со нас

Шпанија

Бартомеу не си поднесе оставка и порача: Му објаснивме на Меси зошто не може да си оди!

Објавено

на

Извршниот одбор на Барселона имаше долг неколкучасовен состанот доцна во понеделник, по што Жозеп Марија Бартомеу и неговите помошници одлучија да не поднесуваат оставка и покрај тоа што им беше изгласана недоверба од најголем дел од сосиосите на клубот.

Тензичната ноќ во Каталонија заврши со официјално обраќање на претседателот на Барселона, кој засега одлучи да остане на позицијата и покрај силниот притисок и негативното влијание кое кружи со месеци.

– Ниту еднаш не помислив на оставка. Започнавме нов проект и јас го планирав. Сите сме со исти мотиви и желби, целта ни е да освоиме повеќе од една титула оваа сезона. Во ниту еден момент не помислив на оставка, ќе видиме како ќе се одвиваат работите, – изјави Бартомеу кој не можеше да ја избегне темата на капитенот Меси кој сакаше да си замине изминатово лето.

– Ги сфаќав неговите гледишта, добро е што беше лут, сите бевме лути и бесни по тој пораз во Лигата на шампионите. Сепак, имаше рок кој беше истечен за прекинување на договорот, а нашата цел е да остнане во Барселона.

– Го ставив клубот пред интересите на фудбалерот, сакаме да се пензионира тука. Кога слушнав дека е лут и сака да го напушти клубот, му објаснивме на него и неговото семејство дека не можеме да ги пуштиме да си одат. Започнавме нов проект со Куман и тој е прва алка во истиот, – објасни Бартомеу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни