Евролига
Барселона обезбеди предност од домашен терен во плејофот, Ефес продолжува да се бори за Топ 8 (ВИДЕО)

Три натпревари се одиграа од 32. коло во Евролигата, три натпревари на кои победи остварија домашните екипи.
Барселона беше подобра од Алба Берлин во „Палау Блауграна“ со 72-56. Каталонците не успеаа да се наметнат во првото полувреме, но по паузата заигра далеку подобро пред се во одбраната и за 20 минути примија само 21 кош со што си овозможија да дојдат до посакуваниот резултат.
Со овој триумф избраниците на Јасикевичиус обезбедија предност од домашен терен во плејофот, поточно станаа третиот тим по Олимпикос и Реал Мадрид кој успеал ова да го оствари.
Санли уфрли 12, Миротиќ 11, а Калиниќ 10 поени.
Анадолу Ефес прави последни напори за да некако обезбеди место во Топ 8 фазата, па така оствари победа над Виртус Болоња од 86-76. Хрватот Жижиќ блесна и уфрли 24 поени за само 18 минути на паркетот.
Актуелниот шампион сега има 16-16 и во завршните две кола ќе чека разврска која би му овозможила влез во плејофот.
На последниот меч Макаби го надигра Милано со 85-66.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето