Поврзете се со нас

Евролига

Барселона доби уште една битка со Ефес, гостинскиот тренер направи шоу и ја провоцираше публиката во „Палау Блауграна“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона ја доби и втората сезонска пресметка против Анадолу Ефес во Евролигата.

Клубот од Каталонија славеше пред своите гледачи со 82-77 и со тоа потврди дека е подобар од Ефес во оваа кампања, па на еден начин му се одмазди на противникот за поразот во минатогодишното финале на ова натпреварување.

Јокубаитис со 16 и Миротиќ со 15 кошеви беа први стрелци кај победникот, додека Мициќ и Ларкин кај поразените искомбинира 35 поени.

Инаку оваа средба беше цврста, неизвечна и може да се каже и тензична, а најнепријатниот момент го донесе гостинскиот тренер Ергин Атаман. Тој беше исклучен во третиот период, меѓутоа не сакаше да го напушти теренот, бараше објаснување за да кога конечно се реши да си замине од паркетот влезе во конфронтација со домашните фанови кревајќи ги рацете и притоа порачувајќи дека тој е шампион, односно ја освоил титулата.

Тука атмосферата се вжести, фановите почнаа да му мавтаат на Атаман, да го испраќаат кон соблекувалната…За овие потези турскиот тренер може да заработи казна.

На втората средба Монако беше подобар од Баерн со 83-78.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни