Поврзете се со нас

Европски купови

Бабиќ: Нема што да се менува, се враќа само Периќ

Објавено

на

Стартниот пораз од Ним на домашен терен беше непосакувано сценарио за битолчани во новата сезона во Лигата на Европа, натпреварување во кое тимот на Бабиќ утре го чека нов голем предизвик.

Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Кадетен Шафхаузен во второто коло и ќе се обиде да направи разлика на гостувањето во Швајцарија, на кое тренерот на битолчани најави дека нема да менува многу, освен враќањето на Јосип Периќ.

– Кадетен е тим кој има голема традиција во Европа, играме против силен тим и посебно знаеме дека се цврсти во централниот дел од одбраната. Играме против нависитна сериозен противник, но верувам во победа.

– Одиме во Швајцарија со почит, но и по победа. Нема што да се менува многу во тимот. Горе-доле, се ќе биде исто. Јосип Периќ ќе почне од првата минута откако ја санираше повредата.

– Мораме да бидеме многу подобри и поцврсти во одбрана, а бидејќи ја сакаме победата, мора да бидеме и далеку попрецизни во напад од тоа што бевме досега, – изјави Жељко Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни