Поврзете се со нас

Англија

Арсенал сега е фаворит за потписот на Вилијан

Објавено

на

Челси никако не успева да постигне договор со Вилијан, па се поочигледно е дека Бразилецот ќе се раздели со лондонскиот клуб.

Иако досега имаше неколку понуди и обиди да се продолжи соработката со искусниот офанзивен играч, „Скај Спортс“ тврди дека Вилијан сега е најблиску до Арсенал.

Не е тајна дека за овој фудбалер се интересираат голем број клубови, пред се и поради фактот што му истекува договорот со Челси, но лондонскиот ривал е најконкретен.

Микел Артета испратил понуда за тригодишен договор за Вилијан, па иако можеби финансиски не може да се носи со Барселона и Интер Мајами, адути на Арсенал се подмладениот состав и Бразилецот Еду со кого Вилијан би сакал да соработува.

Должината на договорот беше најголема пречка во преговорите со Челси кој не сакаше да слушне за подолг договор од две години, па се чини дека Вилијан во Арсенал може да добие многу од работите кои ги посакуваше, а да не го промени градот во кој живее изминативе години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни