Поврзете се со нас

Европски првенства

Арнаутовиќ фрустриран: Човек веќе не може да му се израдува на фудбалот!

Објавено

на

Марко Арнаутовиќ е најдобар пример за тоа како во неколку секунди може да се промени расположението и од моменти на екстаза да стигнете до очај, бидејќи погодокот кој на големо го прославуваше против Италија, брзо беше поништен од страна на ВАР судиите.

Сантиметри го делеа Арнаутовиќ од гол вреден злато и погодок кој ќе и донесеше голема предност на Австрија, но и покрај тоа што еуфорично прославуваше и испрати низа гестикулации по добрата реализација, набрзо мораше да се помири со поништениот гол.

Наместо 1:0 за Австрија која отвори фантастично во второто полувреме, резултатот остана оној почетниот и мечот заврши во продолженија, а таму Италијанците беа подобри и поподготвени и со конечни 2:1 се пласираа во четвртфиналето.

Искусниот Арнаутовиќ беше видно разочаран по средбата која ја догледа од клупата за резерви (беше повлечен од игра), но фрустрацијата не ја криеше и додека даваше изјави за медиумите по елиминацијата на Австрија.

– Едноставно не сум доволно паметен во овие моменти, немам идеја што да кажам, кои се правилните зборови. Тешко е да се најдат зборови во оваква ситуација. Да имавме малку среќа, да беа неколку сантиметри на наша страна, ќе поминевме во четвртфиналето. Веќе многу имаме разговарано за ВАР, доста ми е од тоа. Човек веќе не може да му се израдува на фудбалот, не може да се израдувате на гол, ова нема никаква врска со фудбалот.

– Италија немаше да се врати ако на семафорот беше 1:0 за нас, бевме многу добри во вториот дел, но среќата ни го заврте грбот. Имавме шанси и имам само комплименти за тимот. Лудост е што бевме толку блиску до победа, но за жал мора да се помириме со елиминацијата, – изјави Арнаутовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни