Поврзете се со нас

Англија

Антонио се шегуваше на сметка на Погба, Французинот намуртено го гледаше (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера пропушти прилика да се одлепи на третата позиција на табелата во пресрет на последното коло од англиската Премиер лига откако ремизираше со тимот на Вест Хем.

Погодокот за Вест Хем го постигна Микел Антонио кој беше сигурен егзекутор на удар од белата точка.

Претходно со рака во својот шеснаесетник играше Пол Погба кој се бранеше од еден топовски удар, па мораше да ги крене рацете за да ја заштити својата глава.

На стартот на второто полувреме камерата го фокусираше Антонио кој со Бруно Фернандеш веројатно зборуваше за спорниот момент и ги крена рацете со иронична насмевка јасно давајќи дознаење дека му фаќа сеир на Погба.

Играчот на Јунајтед пак од позадина ги гледаше гестикулациите на Антонио и не го проследи баш со голема доза на задоволство таквиот потег на противничкиот играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни