Поврзете се со нас

Европски првенства

Ангеловски: Горан, поведи ги твоите браќа до историски успех

Објавено

на

Фото: ФФМ

Нашата фудбалска репрезентација е веќе во Тбилиси каде утре со почеток од 18 часот ќе го одигра решавачкиот меч против Грузија за пласман на европскиот шампионат закажан за наредната календарска година.

Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на неколку играчи како Енис Барди, Крсте Велкоски, Кире Ристовски, додека неизвесен е Аријан Адеми. Меѓутоа ова е посебен меч, натпревар за историја и популарниот Мрме е убеден дека сите оние кои ќе добијат шанса ќе го дадат максимумот за да дојдеме до посакуваната цел.

-Имам голема почит за работата на мојот колега Владимир Вајс, добро се познаваме меѓу себе, но ние исто така сме свесни за нашите квалитети и сме во Тбилиси за да ја релизираме нашата цели-пласман на Европското првенство. Неколку играчи не допатуваа во Грузија, но имам 21 подготвени фудбалер кои се спремни да ни го донесат пласманот на ЕП. Спремни да одиграат за себе и за сите во Македонија, -истакна Ангеловски кој имаше емотивно обраќање до капитенот Горан Пандев.

-Сакам јавно да се заблагодарам на нашиот Горан Пандев. Ако некој е заслужен за тоа што сме овде е само тој кој сега е до мене. Точно пред пет години прифати да се врати во репрезентацијата и да го поведе овој тим, во кој јас верував уште од почетокот. Горан, ти благодарам и сакам утре да ги поведеш овие твои и мои браќа до пласман на ЕП, -рече Ангеловски на официјалната прес-конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни