Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти се поправи за најавениот стартер против Сити: Се извинувам на сите, лошо го разбрав прашањето

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти по натпреварот со Хетафе го посочи Антонио Ридигер како сигурен стартер за полуфиналето со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но сепак во официјалната најава за дуелот преку обраќањето на пресот, искусниот Италијанец призна дека направил грешка.

Дон Карло се уште има голема дилема дали да почне со Ридигер, или пак со Милитао во срцето на одбраната, па на новинарите им посочи дека дал погрешен одговор во саботата по средбата која се одигра во Ла Лига.

– Тоа што го кажав за Ридигер беше недоразбирање, сакам да бидам јасен пред сите. Мислев дека ме прашуваат за Родриго. Ридигер може да игра, но може да играат и Милитао и Камавинга.

– Тоа е одлука која допрва ќе ја донесам пред натпреварот. Стануваше збор за недоразбирање и ви се извинувам на сите. Мислев дека ми поставуваат прашање за Родриго.

– Ќе се повторам, нема да го поставиме натпреварот за да се чуваме само од Халанд. Тука се Де Брујне, Гундоган, Марез….., – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни