Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти откри зошто Реал го направил фантастичниот „YNWA“ гест на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид не дозволи изненадување на реваншот со Ливерпул, профитирајќи од предноста заработена на првата средба, а шпанскиот клуб ги импресионираше фановите и со потегот направен по крајот на средбата.

Реал направи гест за поздравување, пуштајќи ја на разгласот на „Сантијаго Бернабеу“ препознатливата химна на гостинската екипа (YNWA).

Карло Анчелоти бил прашан за потегот и објаснил дека и Ливерпул се покажал како добар домаќин на првата средба.

– Не сум сигурен зошто е донесена одлуката, но мислам дека е одличен потег.

– Ливерпул е џентлменски клуб и ни овозможија да се потсетиме на Амансио (легендата на Реал почина непосредно пред првата средба), тоа беше одличен гест од нивна страна, – изјавил Анчелоти.

Класа потег од „кралевите“: Реал со фантастичен гест кон Ливерпул го заврши мечот на „Бернабеу“ (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни