Поврзете се со нас

Светски првенства

Анчелоти: Аргентина стана светски шампион поради две причини

Објавено

на

Карло Анчелоти доби награда од угледниот медиум „АС“ за најдобар фудбалски тренер во 2022-ра година, но своето гостување на церемонијата го искористил за да даде неколку коментари за најактуелната тема во светот.

Аргентина ја освои третата светска титула во својата фудбалска историја изминатава недела на „Лусаил“ стадионот во Катар, па откако „Златната Божица“ се врати во оваа земја од Јужна Америка после 36 години, стигнуваат пофалби од сите страни на планетата.

Во низата позитивни коментари се приклучи и искусниот Дон Карло, кој смета дека Аргентина била најдобра на мундијалот поради две причини.

– Ова беше добро Светско првенство, кое на крајот имаше убав крај. Аргентина заслужено победи. Аргентина победи поради две причини. Поради тоа што има тим од добри играчи, но и поради тоа што го имаше најдобриот на турнирот, Лео Меси.

– На крајот победи тимот кој најмногу заслужи. Аргентина тргна со лош резултат и пораз, но после тоа ја креваше самодовербата и заслужи да слави. Поготово поради тоа што го прикажаа во финалето, – завршува Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни