Македонија
Американскиот двоец на Вардар постигна 66 поени, но Куманово ги освои бодовите на Кале

Куманово успеа да им се врати на победите во домашното првенство и стигна до четвртиот триумф на шестиот одигран меч, откако оваа вечер успеа да ја добие битката со Вардар на пресметката на Кале.
По изедначеното и рамноправно прво полувреме по кое Вардар имаше предност од три поени (49:46), на крајот како пресудна и одлучувачка се покажа третата четвртина во која гостите од Куманово покажаа поголем квалитет и го урнаа расположениот двоец на домаќините.
Кумановци го добија овој период од играта со 14:25 и најавија дека се дојдени по сите бодови во Скопје, па благодарение на тимската игра која продолжи и во последниот период, на крајот успеаја да ги надокнадат сите поени на несопирливиот американски двоец, Провел и Диксон.
Првиот постигна 35 поени, вториот 31, но и покрај тоа што заедно уфрлија 66 поени, тоа не се покажа како доволно да се победи Куманово каде двоцифрени беа дури четири играчи, што на крајот пресуди да видиме триумф на составот кој играше потимски.
Ливингстон беше најефикасен кај гостите со 20 поени, Робев уфрли 16, а двоцифрени беа и Рос со 15 и Зивчевиќ со 14 поени.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 24 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 23 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)