Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо го „поздрави“ Хамилтон: Не знам дали ќе го кажеше тоа пред една година…….

Објавено

на

Астон Мартин денеска го претстави својот нов болид за 2024-та година и најави дека ќе продолжи со развојот кој почна пред една сезона, а Фернандо Алонсо очекувано беше главна ѕвезда на промоцијата.

Прославениот шпански првак вози на највисоко ниво и во петтата деценија од својот живот, но дури и на 42-годишна возраст е расположен за шеги како што беше пред две децении.

Алонсо не пропушти шанса да го искоментира најавениот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари, пришто испрати и провокативен „поздрав“ до својот поранешен колега од Мекларен.

– Разбрав за трансферот на Хамилтон еден ден по објавената вест. Не обрнав големо внимание на драмата, особено поради тоа што трансферот ќе се случи дури слдната сезона.

– Нема да лажам, изненаден сум од тој потег. Изгледаше дека тој е многу приврзан за Мерцедес, изгледаше пресреќен со нив. Не верувам дека пред една година и два месеци ќе кажеше дека сонува да вози во црвениот болид….., – во свој стил порача Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни