Поврзете се со нас

Балкан

Алиоски изнуди пенал за победа, Фенербахче гази во Турција (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Фенербахче продолжува со одличните резултати во Турција каде вечерва ја доби битката со Сиваспор.

Големиот фаворит славеше со 1-0, а значајна улога во истата одигра нашиот репрезентативец Џани Алиоски кој го изнуди пеналот во 55 минута, пенал кој го реализираше Валенсија.

Ова славје за Фенер е уште позначајно затоа што од 48 минута играше со играч помалку, па токму ваквите натпревари носат титули. Алиоски и другарите се водечки на табелата по 12 кола со 29 бода, пет повеќе во однос на Башакшехир кој ремизираше со Хатајспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни