Поврзете се со нас

Италија

Алегри го сака Арнаутовиќ, Јувентус треба да надмине две пречки

Објавено

на

Јувентус е во исчекување на договорот со Пол Погба кој се очекува да биде објавен во наредните денови, но во исто време клубот од Торино размислува, работи и на други трансфер желби на тренерот Масимилијано Алегри со тоа што една од нив е Марко Арнаутовиќ.

Алегри сака Душан Влаховиќ има соодветна поддршка, алтернатива и верува дека токму Арнаутовиќ може да биде топ решение во обидот клубот да биде конкурентен и го врати Скудетото во своите витрини.

Австриецот е доста искусен, во Италија има настапувано за Интер и сега за Болоња што значи дека побрзо ќе може да се вклопи, но на Јуве нема да му биде лесно да дојде до неговиот потпис.

„Старата дама“ има две пречки до него, прво ќе мора да се ослободи од Моисе Кен кој не е во плановите што е проблем кој може брзо да биде решен.

Вториот е далеку потежок затоа што во прашање е Болоња која не сака да го загуби Марко кој има договор до 2024 година, а во исто време има и извонреден однос со тренерот Синиша Михајловиќ.

Меѓутоа според „Калчомеркато“ Јувентус нема да се откаже од оваа идеја и ќе се обиде да дојде до зделка независно од тоа што може да се случи при друга операција во која Челси се обидува да го добие Матијас Де Лихт и при која може да го испрати Тимо Вернер во таборот на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни