Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ал Келаифи слави: Знаев дека ќе се пласираме во полуфиналето, ПСЖ го има најдобриот тренер на светот

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Францискиот прволигаш Пари Сен Жермен обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите и тоа по убедливата победа над Барселона на реваншот на „Монжуик“.

Гостите славеа со 4-1 иако први примија гол на натпреварот и со вкупно 6-4 се пласираа во наредната фаза во која за противник ќе го имаат бундеслигашот Борусија Дортмунд. Голема е радоста во таборот на „светците“ кои сега тврдат дека биле убедени дека ќе ја поминат Барселона и пред да се одигра реваншот во Каталонија.

-Сите се бореа еден за друг. Сите тие беа воини. Сите многу сакаа да се пласираат во полуфиналето. Имаме навистина одличен тренер, најдобар во светот. Ова е прекрасен момент за клубот. Не е лесно да се победи овде, но бев сигурен дека тоа ќе го направиме.

-Сигурен пред првиот натпревар, по и пред вечерашниот натпревар, по првиот гол. Бев навистина сигурен. Видов нешто што не сум го видел 13 години, дека сите се заедно, сите се борат еден за друг. Атмосферата е фантастична, -истакна претседателот, Насер Ал Келаифи.

Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни