Лига на шампиони
Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон
Пари Сен Жермен ја совлада Барселона со 4-1 и со вкупно 6-4 се пласираше во наредната фаза, поточно во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд.
„Светците“ губеа со 1-0 на „Монжуик“, но по црвениот картон на дефанзивецот Араухо се се промени и гостите со пресврт дојдоа до голема победа.
Тренерот Луис Енрике е задоволен од победата, прикажано, па дури и порача дека сигурно би победиле и ако на теренот останал стоперот на каталонците.
-Беше исклучително тешко да се игра против Барселона. Сентиментално, емотивно за мене. И во фудбалска смисла, не би сакал да ги играм премногу пати. Сепак, многу сум задоволен што поминав. Играњето против мојот поранешен тим, што ми значи многу, беше многу тешко. Како професионалец, морам да ја работам својата работа и мислам дека направив се што можев за да им помогнам на моите играчи. Сега сме во полуфинале.
-Се чувствувам многу горд. Примивме гол, но останавме психички недопрени. Продолживме да играме, да напаѓаме. Црвениот картон на Араухо беше важен фактор, но ние ќе победевме и без црвениот картон. Направивме се што можевме за да бидеме подобри од Барселона. Моите играчи покажаа многу карактер, многу ентузијазам, многу желба. Оваа победа им ја должиме на нашите навивачи, особено на оние кои беа овде вечервa.
-Најдоброто чувство кога сте играч или тренер е да видите дека вашата работа ги прави луѓето среќни. Нема ништо подобро од тоа. Не можете да го купите тоа чувство. Чувството да се направи нешто посебно за клубот е одлично. Сега треба да се бориме во полуфиналето и да се обидеме да стигнеме до финалето, -порача Шпанецот.
-
Светски првенства21 час
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија22 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Репрезентација9 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Италија22 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства23 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија20 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига19 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет19 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси