Поврзете се со нас

Светски првенства

Ал Келаифи незадоволен од епилогот во финалето: Тажен сум, требаше да видиме два трофеи

Објавено

на

Насер Ал Келаифи денеска се чувствуваше како домаќин на најголемото фудбалско случување во светот, бидејќи неговиот Катар беше во центарот на вниманието поради завршниот меч на 22-то Светско првенство.

Финалниот чин донесе неверојатна фудбалска драма во која во фокусот се најдоа двете најголеми ѕвезди на ПСЖ, а Ал Келаифи како претседател на овој клуб, призна дека повеќе навивал за Мбапе и Франција отколку за Меси и Аргентина.

Првиот човек на „светците“ го посочи денешното финале како најдобро во историјата на мундијалите, но заклучи дека најдобро решение ќе било ако организаторите доделеле два златни трофеи.

– Многу сум горд на целосната организација на турнирот. Катар покажа дека може да биде во центарот на светот. За мене, ова беше најдобро финале во историјата на Светските првенства. Да бидам искрен, јас сум тажен за Франција како претседател на ПСЖ.

– Посебно сум тажен за Мбапе кој одигра и подобро од перфектен натпревар. Ако се прашував јас, денеска требаше да се доделат два златни трофеи, еден за Килијан и друг за Меси. Јас навивав за Франција, но не можам да не се радувам и за Меси. Ова за него е шлаг на тортата и го заслужи трофејот. Мбапе ќе има уште шанси да освои нов мундијал, – изјавил Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни