Поврзете се со нас

Германија

Агентот на Мане работи на уште еден трансфер на негов клиент во Баерн Минхен

Објавено

на

Садио Мане во текот на денешниот ден го официјализираше неговиот трансфер во Баерн Минхен, трансфер кој изненади многумина познавачи на светскиот фудбал.

Сенегалецот преку неговиот агент, Бјорн Беземер успеа да обезбеди трансфер во славниот баварски клуб, а сега истиот агент ќе реализира нов трансфер за Баерн Минхен.

Имено, „баварците“ се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Конрад Лаимер.

Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан ќе се обидат да ја искористат одличната релација со Безмер и да го ангажираат играчот од средниот ред на Лајпциг.

Наводно самиот Лаимер изразил подготвеност да се пресели на „Алијанц Арена“, а за да се комплетира трансферот ќе треба само да се договори обесштетувањето на играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни