Лига Европа
Адан херој на „Емирејтс“, Спортинг го исфрли Арсенал во пенал рулетот (Видео)

Антонио Адан е херојот на Спортинг за пласманот во четвртфиналето во Лигата на Европа, бидејќи искусниот чувар на мрежата со своите одбрани го остави гостинскиот тим во игра, а потоа режираше и клучна интервенција во пенал рулетот.
Тимот од Лисабон се покажа како тврд орев за лидерот во Премиер лигата, а на крајот успеа да го исфрли Арсенал од второто по ранг натпреварување во Европа, принудувајќи го да се насочи само кон трофејот во домашното првенство.
Првиот меч во Португалија заврши 2:2, Арсенал денеска подобро отвори и поведе со погодокот на Џака, но Спортинг имаше одговор, и тоа на неверојатен начин.
Педро Гонсалвес успеа да го изненади Рамздејл од половина терен во 62-та минута, па по израмнувачкиот гол, Спортинг беше подобар тим и имаше стопроцентна шанса за победа преку Едвардс.
Рамздејл овојпат беше спасител и го однесе мечот во дополнителни 30 минути игра, во кои доминираше само еден тим. Арсенал направи се што беше во негова моќ да постигне победнички гол, но такво нешто не дозволи Адан кој имаше две брилијантни одбрани во 120-та минута. После тоа, му го одбрани и пеналот на Мартинели, што беше клучно за елиминација на Арсенал и пласман на Спортинг во четвртфиналето.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)