Поврзете се со нас

Свет

„А Бола“ тврди: Ристовски си оди од Спортинг откако не реагирал добро на промените на Аморим

Објавено

на

Иако се очекуваше македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски да биде назначен за капитен на Спортинг Лисабон затоа што веќе одигра неколку натпревари со капитенската лента на клубот, работите се сменија и тој веројатно ќе си замине од Лисабон.

Како што пренесува најугледниот португалски медиум „А Бола“ вратите за заминување на Ристовски од Спортинг се широко отворени.

Нашиот фудбалер не беше во комбинација за настап на последните два натпревари на клубот против Абердин и Пакош Фереира.

Ваквата тактичка одлука на тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, Ристовски не ја прифатил како што треба и реагирал луто со што влегол во отворен конфликт со стратегот.

Сега Спортинг ја разгледува можноста да го пушти да си замине и тоа ќе го стори ако некој клуб исплати три милиони евра за неговите услуги.

Претходно оваа година Ристовски се поврзуваше со трансфер во германската Бундеслига од каде има неколку заинтересирани тимови за неговите услуги, а можно е тој и да се врати во Серија А од каде исто така постои интерес за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни