Поврзете се со нас

НБА

НБА акробација: Морант постигна еден од најлудите поени со звукот на сирената и ги фрли во транс фановите (Видео)

Објавено

на

Џа Морант игра во страшна форма на свои 22 години, до толку што од натпревар во натпревар ги подобрува своите лични рекорди, но и оние на франшизата чии бои ги брани.

Мемфис рано утрово го победи Сан Антонио со 118:105 и продолжи да бележи добри резултати во НБА лигата, пред се благодарение на инспирацијата на својата млада ѕвезда која повторно постави нов рекорд.

Ако пред два дена постигна историски 46 поени и постави свој личен рекорд и рекорд во Мемфис, сега го поправи истиот со новото блескаво издание.

Морант против Сан Антонио уфрли 52 поени и испиша нова историја, но ноќта ќе се памети по неколку бравури и лудории кои само покажуваат за каков кошаркарски потенцијал станува збор.

Играчот на Мемфис постигна тројка од далечина, му приреди „постер“ забивање на Јакоб Пелтл, а за крај на првото полувреме, режираше и кошаркарска акробација заедно со Стивен Адамс. Кошаркаркот од Нов Зеланд го проигра својот соиграч од кош на кош, а Морант ја заврши акцијата со одбојкарска реакција и ги фрли во транс сите присутни во „Федекс Форум“ арената во Мемфис.

По сензационалниот настап, интересна објава имаше и легендарниот Ален Ајверсон, кој нема дилеми дека Морант порано или подоцна ќе го добие МВП призанието во НБА лигата.

НБА резултати:

Кливленд – Минесота 122:127
Орландо – Индијана 119:103
Бруклин – Торонто 97:133
Мајами – Чикаго 112:99
Мемфис – Сан Антонио 118:105
Милвоки – Шарлот 130:106
Оклахома – Сакраменто 110:131

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни