Поврзете се со нас

Евролига

Звезда и Партизан со победи го најавија големото дерби во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Црвена Звезда и Партизан остварија победи на денешните средби во Евролигата и на најдобар можен начин го најавија нивниот дуел кој е закажан за 4. јануари во Белград.

„Црвено-белите“ направија изненадување и го совладаа Фенербахче во Истанбул со 85:76. Ова за Фенер беше прв пораз под водство на Јасикевичиус, прв на домашен терен во елитното натпреварување што доволно говори за тоа што Звезда направи на овој натпревар.

Боломбој беше во ритам и уфрли 24 поени со 6 скока, Гиедраитис со 19 кошеви беше најголема негова поддршка, а двоцифрен беше и Ханга со 12 поени. На спротивната страна се издвои Хејс-Дејвис со 21 поен и 9 скокови.

Партизан пак пред своите гледачи немаше проблеми со Асвел и овој предизвик го реши со 90:77. Четата на Обрадовиќ одигра три одлични четвртини, црвсто во одбрана (прими само 45 поени) за да во завршниот период гостите заиграа подобро и се изборат за поприфатлив пораз.

Пантер со 22 и Скот со 24 поени беа најефикасни играчи на теренот.


На другите терени Жалгирис под водство на новиот тренер Тринкиери ја доби Алба Берлин (77:71), Макаби Тел Авив го реши Монако (93:83) и Олимпијакос го надигра Милано со 79:74.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни