Поврзете се со нас

Евролига

Звезда го доби дуелот на „црвено-белите“, шампионот на колена во Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа над Олимпијакос со 81-76 во битката на „црвено-белите“ во Евролигата.

Ова беше дуел во кој домаќините беа подобри во три од четирите четвртини, а најрасположен за надигрување беше Калиниќ со 25 кошеви на кои придодаде 4 скока и 6 асистенции. За Звезда ова беше шесто славје и во истото вреди да се напомене дека двоцифрени беа уште Волтерс, Давидовац, Митровиќ и Ивановиќ.

Дорси пак со 18 поени беше прво име кај поразените.

Лучиќ, Томас и Рубит уфрлија по 18 поени и беа лидери во триумфот кој Баерн Минхен го оствари над актуелниот шампион Анадолу Ефес од 83-71. Домаќините одиграа пеколно во завршнитите 10 минути и со 17-7 се израдуваат на важна победа за продолжување на одличната серија во Минхен.

На другите мечеви Фенербахче и Уникс беа подобри од Зенит и Макаби, додека Басконија го прегази Асвел со 91-66.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни