Поврзете се со нас

Свет

Жозе е пред времето: Изјавата на Мурињо за Чаби од пред пет години сега стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо имал многу точни прогнози во својата богата тренерска кариера и во неколку наврати покажал дека знае да даде точни типови за интересни фудбалски работи, без разлика дали станува збор за добри или лоши ситуации.

Мурињо беше тој кој одамна велеше дека Погба и Марсијал не се квалитет на играчи за Манчестер Јунајтед, за жал прогнозираше и дека Еден Азар ќе страда од острите стартови во една фаза од неговата кариера, а сега посебен хит стана една негова изјава од пред пет години.

Португалецот во едно интервју беше запрашан во кој млад тренер гледа квалитети да прерасне во врвен стручњак, а Жозе тогаш накратко објасни зошто тоа го смета за Чаби Алонсо, човекот кој сега направи историја и му донесе прва титула на Баер Леверкузен.

– Ќе кажам Чаби Алонсо. Неговиот татко беше тренер и тој има израснато сллично како мене. Израснал со татко кој играл фудбал и кој бил тренер. Потоа стана топ играч, многу подобар од шшто бев јас. Исто така, неговото фудбалско знаење и неговата позиција на теренот беа многу добри.

– Играше во Шпанија, Англија и Германија. Беше трениран од Гвардиола од Баерн, од мене во Реал, од Анчелоти во Реал и од Бенитез во Ливерпул. Ако го составите сето тоа зедно, сметам дека Чаби има извонредни предиспозиции за да биде многу добар тренер, – изјави Мурињо во 2019-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни