Поврзете се со нас

Англија

Жезус си ја отвори душата по блескавиот старт во Арсенал: Повторно се смеам, не сум робот како што бев претходно

Објавено

на

Ако денот по утрото се познава, Габриел Жезус ќе биде топ засилување за тимот предовден од Микел Артета во годините што доаѓаат.

Бразилецот го напушти тимот на Манчестер Сити и ова лето се пресели во Арсенал, во според многумина крајно изненадувачки трансфер.

Сепак, како што стојат работите, очигледно Жезус ја погодил со тоа што се преселил на „Емирејтс“, а сега за прв пат даде подетални информации за тоа како се чувствува во новиот клуб и кои се неговите импресии.

– После се што правев завршив играјќи како крило и во Манчестер Сити и во репрезентацијата, а после Светското првенство дури и мислев дека не можам да играм како деветка.

– Но, се променив, сега имам многу повеќе самодоверба и повторно се смеам додека играм фудбал.

– Всушност, тоа што можам да играм на повеќе позиции е благослов, но јас сум по вокација „деветка“. Тука сум да ги завршувам шансите, но и да му помогнам на тимот. Долго во главата имав мисла дека не сум за тоа, дека сум само за крило. Сега сум повторно тоа што бев некогаш. Не сум како робот, таков бев додека бев таму, -изјави Жезус кој си ја отвори душата за престојот во редовите на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни