Поврзете се со нас

Лига Европа

Ждрепката донесе македонска пресметка во Лига Европа, Адеми во група со ЦСКА и Феенорд (Фото)

Објавено

на

Македонскиот фудбал ќе има четири претставници во Лига Европа во наредните неколку месеци, а истите ова попладне ги дознаат своите ривали во групната фаза од најмасовното натпреварување на стариот континент.

Ждрепката која се одржа во Нион ни го донесе комплетниот изгледа на групите за новата сезона, но за нашата јавност интересно е тоа што ќе гледаме македонска пресметка во групната фаза. Извлекувањето посака Елиф Елмас и Дарко Велковски да се најдат во иста група, или поточно во групата Ф во која Наполи ја има улогата носител.

Елмас ќе игра против својот добар познаник од репрезентацијата кој со својата Ријека се најде во иста група, во која уште се Реал Сосиедад и АЗ Алкмар.

Аријан Адеми синоќа блескаше и со два гола го одведе Динамо Загреб во групната фаза, во која хрватскиот шампион ќе игра против ЦСКА Москва, Феенорд и Волфсбергер како дел од групата К.

Агрон Руфати како последен наш претставник во Лига Европа настапува за украинска Зорја, тим кој ќе биде аутсајдер во групата Г во конкуренција на Брага, Лестер и АЕК.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни