Поврзете се со нас

Репрезентација

Ждрепка за шампионатот во 2022 годиина: Македонија во Цирих ќе ги добие противниците за СП (ФОТО)

Објавено

на

Македонската фудбалска сениорска репрезентација вечерва во Цирих (18 часот) ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одигра во Катар.

Нашиот националец тим е во четвртиот шешир што значи не можеме да играме со Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Се друго е отворено во ждрепката во која вкупно 55 селекции ќе бидат поделени во десет групи,  пет со по шест и пет со по пет селекции.

Победниците од секоја група директно обезбедуваат место на мундијалот, додека десетте второпласирани  како и две репрезентации од Лигата на нации ќе можат преку дополнителни натпревари (квалификации) да дојдат до трите последни визи за СП кога е во прашање европскиот континент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни