Поврзете се со нас

Светски првенства

Занети: Меси не го надмина Марадона, таа споредба…

Објавено

на

Аргентина е нов светски шампион по пауза од 36 години и тоа во генерација која е предводена од Лионел Меси.

Меси постојано беше во сенка на Диего Армандо Марадона и Марио Кемпес, двајца играчи кои има донесоа светски титули на „гаучосите“ и едноставно се бараше од него да испорача успех со националниот тим. Напаѓачот иако имаше огромна желба, ама не успеваше да се израдува на голем трофеј со националниот тим, загуби неколку финалиња на Копа Америка и СП, меѓутоа на крајот раборите се променија, дојде тримфот, титулата на „Маракана“, а сега и пехарот на најголемата сцена.

Со ова Лео на некој начин излезе од сенката на Марадона, но Хавиер Занети не се согласува со тоа дека го надминал популарниот Ел Пибе.

-За мене не е така. Не ми се допаѓа споредбата. Мораме да бидеме благодарни што двајцата најголеми играчи]во историјата се Аргентинци. Мислам дека [Меси] не се смени. Мислам дека сега е позрел и успеа да го пренесе своето лидерство на остатокот од групата -рече Занети и додаде:

-Ова е голема емоција што ни ја дадоа момците бидејќи долго ја чекавме. Направија да с еслучи, сонот на милиони аргентински навивачи ширум светот. Беше одлично финале за нас Аргентинците бидејќи се чинеше дека сето тоа ни оди на патот, но потоа Франција имаше одлична реакција, -заклучи Хавиер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни