Поврзете се со нас

Италија

Закарија ги посочи најголемите квалитети и им испрати порака на навивачите на Јувентус

Објавено

на

Поранешниот италијански шампион Јувентус комплетираше неколку засилувања во зимскиот преоден рок, a а едно од нив беше Денис Закарија кој пристигна од редовите на бундеслигашот Борусија Менхенгладбах.

„Старата дама“ успеа да го договори Швајцарецот кој сигурно ќе го напуштеше клубот по крајот на оваа сезона како слободен играч, но сега Менхенгладбах заработи неколку милиони од трансферот, а тој доби нов предизвик на кој ќе може максимално да се посвети.

-Потписот за Јувентус е нешто исклучително за мене. Сè уште треба да го сфатам. Ова е голем клуб, многу ми е чест и горд што сум дел од него. Ќе дадам се од себе за да го донесам мојот придонес. Можам да му помогнам на тимот да ја освои (врати) топката, тоа е еден од моите квалитети.

-Можам да придонесам со мојот напредок и динамика. Можам да придонесам со мојот менталитет за победа на секој натпревар, иако знам дека тоа е веќе менталитетот на тимот. Сакам да ја ставам мојата енергија на располагање на тимот за да постигнеме важни резултати. Мојата цел е да освојувам трофеи со Јувентус. Јувентус е голем клуб, кој секоја година мора да освојува нешто. За мене е важно да играм добро, да ги радувам навивачите и да освојувам трофеи, -рече Закарија кој им испрати директна порака на навивачите.

-На навивачите на Јувентус сакам да им кажам дека има нов борец во екипата кој ќе даде се од себе за да му помогне на тимот да се изрази на највисоко ниво. Сакам да освојам многу трофеи овде во Јувентус, а во Јувентус сакам да растам и да ги радувам навивачите. Се надевам дека ќе го направам тоа веќе од следниот натпревар, -порача Денис за „Јувентус ТВ“.

Новото име во Торино ќе го носи дресот со бројот 28.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни