Поврзете се со нас

Балкан

Зајков повторно ќе игра во соседна Бугарија

Објавено

на

Maкедонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков повторно ќе игра кај нашиот источен сосед и тоа во редовите на прволигашот Славија Софија.

Зајков првиот дел од кампањата го мина во Левски по што потпиша договор со Ворскла, но откако Русија ја нападна Украина и стана јасно дека нема да се игра фудбал додека трае оваа ситуација дефанзивецот беше принуден да пронајде нов ангажан, па до крајот на кампањата како позајмен играч ќе настапува во Бугарија.

-Го ангажиравме Зајков. Тој ќе игра во Славија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, -истакна за „Гонг“ првиот човек на клубот, Венцеслав Стефанов.

Воедно Стефанов ги отфрли информации дека во пензија ќе замине поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски.

-Дарко ќе продолжи да игр фудбал. Останува во Славија затоа што ни е потребе, -порача претседателот на тимот од бугарската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни