Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујин: Ги утврдивме грешките од првиот меч, одиме на победа во Кјелце

Објавено

на

Вардар не успеа да пронајде решение за Алекс Душебаев на првиот меч против Кјелце кој се одигра во Скопје пред неколку дена, па сега нашите ракометари со исцрпна анализа и подобра подготовка за противникот ќе отпатуваат за Полска во пресрет на вториот меч.

Македонскиот тим одново ќе ги одмери силите со Кјелце во Лигата на шампионите, овојпат на гостински терен и во улога на аутсајдер, нешто што според искусниот Марко Вујин не може да се толкува толку лесно со оглед на специфичните услови во кои се играат натпреварите.

Бекот на Вардар изјави дека факторот домашен терен веќе не носи никаква предност без фановите на трибините, нешто во што се уверивме и минатата седмица во „Јане Сандански“.

– Не чека натпревар во Кјелце, очекувано силен противник. Тоа го видовме на домашен терен против нив пред неколку дена. Во ваква ситуација, факторот домашен терен не носи некоја предност, без фановите, нема предност за домашниот тим.

– Заминуваме за Кјелце, трениравме изминативе неколку дена меѓу двата меча, направивме видео анализи, ги утврдивме грешките и се надеваме дека ќе ги поправиме на теренот. Кјелце е сериозна и врвна екипа, но ние исто така и се надеваме на позитивен резултат. Одиме на победа, па ќе видиме што ќе добиеме со таквиот пристап, – изјави Вујин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни