Поврзете се со нас

Свет

Врвна шпанска екипа „гризе“ за Димитријевиќ

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ од сезона во сезона игра се позначајна улога во тимот на Хувентуд, односно неговите игри се повпечатливи и се зголемува интересот за неговите услуги.

Токму за ова говорат последните информации од Шпанија според кои тимот на Валенсија сериозно размислува, „гризе“ за македонскиот репрезентативец. Клубот кој во 2017 година ја освои Ендеса лигата и редовно игра во Европа (Евролига и Еврокуп) сака да го добие потписот на Димитријевиќ кој се уште има активен договор со тимот од Бадалона што значи ќе мора да плати оштета за да го донесе во своите редови.

Исто така опција е Валенсија да го донесе Нено, но да го остави на позајмица во Хувентуд и во наредната сезона. Македонскиот плејмејкер во оваа кампања има бројки од 8 поени, 3,3 асистенции и 1,7 скока во АЦБ лигата и 11,9 поени, 3,9 асистенции и 1,6 скока во Еврокупот.

Само да потсетиме Македонецот е во трка за најдобар млад игра во АЦБ лигата.

Димитријевиќ во трка за најдобар млад играч во Шпанија

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни