Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ во трка за најдобар млад играч во Шпанија

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е во конкуренција за најдобар млад играч во АЦБ лигата во оваа натпреварувачка кампања.

Димитријевиќ се најде на списокот од 12 играчи на кои се и двајца негови соиграчи од Хувентуд, Жоел Пара и Артурс Жагарс. Навивачите ќе можат да гласаат до 24 јуни, односно тоа ќе има удел од 25 проценти при изборот, останатите гласови ќе ги имаат играчите, тренерите од Ендеса лигата како и медимумите.

Освен најдобар млад кошаркар ќе се избере и најталентирана млада петорка од ова одбрано друштво.

Минатата година наградата му припадна на Карлос Алосен од Сарагоса, играч кој и сега е во конкуренција за признанието.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни