Поврзете се со нас

Македонија

Воска и Тиквеш ќе играат историско финале во фудбалскиот Куп

Објавено

на

Foto:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Македонските фудбалски фанови ќе гледаат историско финале во најмасовното натпреварување во нашата земја, откако Тиквеш и Воска Спорт направија подвизи во своите полуфинални пресметки.

Двата тима се изборија за прво Куп финале во својата клупа историја, а тоа го направија на сметка на фаворизираниот Шкупи, односно бранителнот на титулата, Македонија Ѓорче Петров.

Воска Спорт со голема предност пристигна од Охрид (2:0) и работата стана уште подобра за гостите кога поведоа со 0:1, па иако до крајот примија два гола, сепак на крајот победата за „лавовите“ беше пирова.

За разлика од мечот во Ѓорче Петров, во Кавадарци повторно гледавме „нула“ меѓу Тиквеш и Шкупи, па така откако двата меча завршија со најнепопуларниот резултат, се изведуваа пенали.

Домашниот тим имаше повеќе нерви и ја доби фудбалската лотарија со 5:3, а тоа автоматски значеше дека ќе гледаме историско финале меѓу два тима кои ќе дебитираат на завршниот натпревар во Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни