Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски го подготвува Закерберг за соочувањето во октагон со Маск

Објавено

на

Foto:twitter.com/ufc

Александар Волкановски во моментов е меѓу најголемите ѕвезди во боречките спортови, а неговите успеси во УФЦ му овозможија да добие и интересна нова мисија.

УФЦ шампионот во лесна категорија му стана „спаринг партнер“ на милијардерот Марк Закерберг, предводникот на гигантот „Мета“, кој се подготвува за најавената октагон борба со првиот човек на „Тесла“ и „Твитер“, Илон Маск.

Американските медиуми ја пренесоа фотографијата, на која борецот со македонско потекло е покрај Закерберг, а во нивно друштво е уште една УФЦ ѕвезда, односно Израел Адесања. Токму Адесања ја открил соработката на двајцата незгодни момци со предводникот на платформата која ги поседува „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Маск пак уште претходно објави дека се подготвува за соочувањето со носителот на џиу-џицу црн појас, Лекс Фридман и уште неколку ММА инструктори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни