Франција
Во ПСЖ затвараат клучно прашање: Најголемата ѕвезда на клубот пред продолжување на договорот

ПСЖ вчера успеа да го совлада Марсеј со 2:1 и така да стигне до нова титула во Супер купот, прва за Маурисио Покетино по 11 дена на клупата на „светците“.
Сега откако е обезбеден уште еден трофеј, од клубот може да се насочат кон прашањата поврзани со тимот и како тој би требало да изгледа во иднина.
„Скај Спортс“ пренесува дека ПСЖ во моментов е во преговори со претставниците на Нејмар за продолжување на соработката.
Францускиот клуб сака да го задржи својот најпознат играч во своите редови, а сега и Нејмар бил подготвен да остане во клубот.
Одлуката се уште не е конечна, но целиот развој на настаните говори дека Нејмар веројатно ќе ја продолжи верноста со ПСЖ.
Неодамна во медиумите се појавија шпекулации дек Нејмар им кажал на првите лица на клубот дека ќе остане на подолг период доколку во ПСЖ биде донесен Лео Меси, па ваквата најава дека Бразилецот продолжува со клубот од главниот град на Франција би можела да значи дека е направен напредок и во преговорите со Лео Меси.
Инаку, пред две години Нејмар бараше да си замине од клубот, но тогаш неговата желба не беше исполнета и тој остана на „Паркот на принцовите“.

- Светпред 19 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 23 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 22 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 21 час
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- НБАпред 24 часа
Јанис трипати го „прелета“ Јокиќ, но доби кошаркарска лекција за возврат (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 20 часа
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија