Свет
Во моментите на слава, Ливаковиќ не го заборава оној кој му помогна кога беше на дното: Модриќ е посебна личност (Видео)

Хрватска успеа да победи на тешкото гостување во Турција и славеше благодарение на двата гола на Матео Ковачиќ, пред кои до израз посебно дојде Доминик Ливаковиќ со две страшни интервенции.
При резултат 0:0, голманот на Хрватска режираше две бравурозни одбрани и го сочува својот гол, по што им овозможи на соиграчите да се приберат и први да поведат, што беше и клучно за триумфот.
Селекторот Далиќ по натпреварот го пофали голманот и истакна дека тој ги оставил во игра при лошиот почеток, а во моменти кога има голема слава во родната земја и кога се смета за незаменлив во националниот тим, Ливаковиќ реши да се потсети на еден незаборавен говор од Модриќ.
Лука го мотивирал Доминик кога го допрел дното и тоа беше прикажано од хрватскиот фубалски сојуз за време на Светското првенство, а видеото повторно стана вирално поради најновата изјава на голманот.
– Јас не гледам твој напредок во репрезентацијата, можеби притисокот ти пречи? Оддаваш несигурност кај момците…. Што ако погрешиш, сите грешат, кажи ми еден што не греши… Моето чувство е дека ти се плашиш од грешка. Треба да знаеш дека ти си голманиште, – гласи говорот на Модриќ, кој сега повторно го коментираше Ливаковиќ.
– Лука е голем и како играч и како човек. Тогаш редот ми дојде на мене, но тој така разговара со сите. Можам да му бидам благодарен за тоа што го направи за мене, Модриќ е посебна личност, – изјави Ливаковиќ.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)