Поврзете се со нас

НБА

Вилијамс ќе пропушти две средби од НБА: Добил дозвола за погреб, наминал и во стриптиз клуб

Објавено

на

Лос Анџелес Клиперс нема да смета на Лу Вилијамс барем на првите две средби од продолжението на НБА лигата, кое ќе се игра под специјални услови во Орландо.

Еден од најважните играчи на екипата од Ел-Еј добил дозвола да го напушти карантинот во „Дизни ворлд“ за да присуствува на погреб на семеен пријател, но очигледно бил гостин и на познат стриптиз клуб во Атланта.

НБА лигата го истражува случајот откако познат рапер објавил фотографија на од клубот на која бил и Вилијамс со маска, за подоцна да ја избрише и да се правда дека била стара и ја објавил затоа што му недостасувал големиот пријател.

Поради целата ситуација, НБА одлучи Вилијамс да оди во 10-дневен карантин, при што секојдневно ќе биде тестиран, нешто што се случувало и изминатите денови.

Поради одлуката за карантин, Вилијамс сигурно ќе ги пропушти дуелите со Лос Анџелес Лејкерс и Њу Орлеанс Пеликанс, кои се играат на 31 јули и 1 август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни