Поврзете се со нас

Шпанија

Вилијамс ја нокаутираше Барса во финалето, Меси ги загуби нервите и доби црвен картон! (Видео)

Објавено

на

Роналд Куман беше на чекор од освојување на првиот трофеј како тренер на Барселона, но на крајот остана со празни раце откако неговиот тим прими гол во 90-та минута од финалето во Севилја, а потоа прими уште еден во судиското надополнување.

Антоан Гризман постигна два гола и Барселона имаше водство од 2:1 до самата завршница, но Атлетик Билбао уште еднаш се покажа како незгоден ривал, па откако го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето, сега покажа упорност и желба и на крајот го нокаутираше и вториот фаворит.

Во првото полувреме, Оскар Де Маркос го анулираше голот на Гризман и израмни на 1:1, додека во 90-та минута, Виљалибре погоди за 2:2 и го однесе финалето во продолженија.

На самиот старт на првото продолжение, Ињаки Вилијамс постигна спекткауларен гол за 3:2 и прво водство на баскијците, а пред самиот финиш на возбудувањата, видовме и исклучување на Лионел Меси кој ги загуби нервите и агресивно реагираше. Капитенот на Барселона го удри Виљалибре и играта беше прекината, а по прегледот на ВАР снимката, судијата Мансано му покажа црвен картон кој е прв за Лео како играч на Барса.

Набрзо после ова, арбитарот Мансано отсвири крај на мечот, по што стана јасно дека Марселино Гарсија Торал многу брзо стигна до својата прва титула како тренер на Атлетик Билбао, „крадејќи“ ја истата од пред рацете на Роналд Куман. Интересно, Марселино вторпат се покажува како кобен за Барса во едно финале, бидејќи тој беше предводник на Валенсија на последното финале во Копа дел Реј кое се одигра во 2019-та година, а кое тогаш им припадна на „лилјаците“ со 2:1.

Две години подоцна, судбината посака тој да биде дел од Суперкупот како предводник на Билбао, па на крајот сосема заслужено стигна до својата втора титула во кариерата бидејќи во период од неколку дена ги победи Реал Мадрид и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни