Поврзете се со нас

АТП

Виландер нема дилеми: Ѓоковиќ е прв фаворит во Мелбурн, тој сака да му се реваншира на Надал

Објавено

на

Пред нас е првиот календарски грен слем и тоа е Австралија Опен, турнир на кој според легендарниот Матс Виландер имаме еден голем фаворит за пехарот-тоа е Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ поради добро познати причини не можеше да биде присутен во Мелбурн, да се бори за трофејот на неговиот омилен турнир, па според Матс српскиот ас ќе биде дополнително мотивиран да триумфира, дојде до 22 грен слем пехар.

-Мислам дека досега не сме виделе играч толку желен да се одмазди и да победи. Никој никогаш не бил погладен за победа од Новак. Подлогата е совршена за него. Овој турнир има историја на играчи кои го освоиле повеќе пати и имаат конзистентност. Зборувам од лично искуство бидејќи три пати го освоив. Никој не е 100% подготвен во Австралија. Некои се многу подготвени, некои не се воопшто, а тој е секогаш некако подготвен. Тоа за него значи дека тој е фаворит, бидејќи подлогата е совршена, -вели Виландер кој на крајот порачува:

-Најверојатно Ѓоковиќ ќе сака да му се реваншира на Надал со освојување на Мелбурн. Ако победи ќе биде 22-22. Новак мора да стигне до својата 22-ра титула пред Ролан Гарос во мај, бидејќи Надал може да освои уште една таму. Не смеете да загубите во Мелбурн и Надал да стигне до 23. грен слем трофеј, -подвлече Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни