Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ветеранот Федор го испрати Џонсон на спиење уште во првата рунда (Видео)

Објавено

на

Русинот Федор Емелианенко издоминира во дуелот против Тим Џонсон на домашен терен, кој беше главен настан на ММА турнирот Белатор 269.

Ветеранот има 45 години, но борбата во Москва заврши со нокаут, а Џонсон настрада по неколку удари во серија кои ги заработи од Емелианенко уште во првата рунда.

ММА легендата настапи пред своите фанови по пауза од пет години, па иако е пред повлекување од спортот, докажа дека може да биде сериозен проблем за Белатор борците во тешка категорија.

Џонсон долго ќе го памети нокаутот во Москва, односно комбинацијата на три удари, по кои судијата ја прекина борбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни