Поврзете се со нас

НБА

Вестбрук ги шокираше фановите со „цигла“ шут, па искара новинар поради споредбата со Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LAClippers

Расел Вестбрук имаше солиден учинок во победата на Лос Анџелес Клиперс над Денвер, обезбедувајќи ефект со кој го неутрализираше отсуството на Каваи Ленард на оваа средба.

Покрај неколку атрактивни потези, Вестбрук ги шокираше фановите со еден шут, кој наместо да заврши на вообичаен начин, сега служи за сеир на сметка на ветеранот во НБА лигата.

Вестбрук испрати „цигла“ која заврши зад таблата и сите околу него на теренот, па и фановите не можеа да поверуваат што се случи, посебно што против себе го имаше Кристијан Браун.

По средбата, Вестбрук им се налути и на новинарите бидејќи го споредуваа Јокиќ со него, поради трипл-дабл учиноците, кои одамна не се реалност за играчот на Клиперс.

– Никој не е како мене, никој не како мене, престанете со тоа. Никола е пеколен кошаркар, но не е како мене, ниту јас сум како него. Тој освои МВП признание, тешко е да го чуваш, знае како да додаде и да игра, навистина е одличен ривал, – рекол Вестбрук.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни