Поврзете се со нас

Македонија

Верните „Комити“ го испратија Вардар во Втора лига со моќна порака (Фото)

Објавено

на

Вардар испадна во втора лига минатиот викенд и остана без математички шанси да се бори за опстанок, но тоа не ги поколеба најверните фанови на скопската фудбалска гордост да го испратат својот тим во понизок ранг на натпреварување онака како што доликува.

Верните „Комити“ се собраа пред Националната арена „Тодор Проески“ воочи натпреварот со Македонија Ѓорче Петров кој немаше никакво резултатско значење, бидејќи нивните миленици од претходно го потврдија потопот кој започна со стартот на пролетниот дел од сезоната.

Вардар одново загуби со резултат 0:2 во малото градско дерби, но слика на денот беше пораката која ја испратија страствените навивачите на најтрофејниот македонски клуб, кои јасно ставија до знаење дека ќе го бодат тимот во било кој натпреварувачки ранг.

– Прва, Втора, Трета, Општинска, Вардар ЗАСЕКОГАШ, – гласеше транспарентот на „Комити“, кои подоцна се огласија и преку социјалните мрежи.

– И на врвот, и последен ТИ СИ ВАРДАР САМО ЕДЕН ! ФК Вардар – ФК Македонија Ѓ.П (16.05.2021) #ВардарЗасекогаш #ГордостМакедонска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни