Франција
Верати конечно откри како бил „прецртан“ од Луис Енрике

Француските медиуми се изнапишуваа секакви работи за болната разделба која ја имаше Марко Верати со ПСЖ, но најчесто се доловуваше суровата страна на Луис Енрике за кого се велеше дека дрско го откачил Италијанецот.
Лучо направи серија промени откако го презема ПСЖ и од тимот си заминаа големи ѕвезди како Меси, Рамос и Верати, но ако на првите двајца им завршуваа договорите, Италијанецот беше практично избркан од Париз.
Искусниот играч за врска долго молчеше на оваа тема и не даваше никакви коментари, но за време на оваа репрезентативна пауза конечно се огласи на темата „Луис Енрике“ и нагласи дека ситуацијата не била толку лоша како што ја претставиле медиумите.
– Јас сум искрена личност и го кажувам т оа што го мислам. Мора да кажам дека искрени беа и луѓето од ПСЖ. Имав средба со Луис Енрике пред стартот на сезоната и ми порача дека не влегувам во неговите планови. Тој е голем тренер и мислам дека ќе направи добри работи во ПСЖ. Не ја сфатив неговата одлука како лична, се работи за професионална одлука. Никогаш не сум имал непријатели во фудбалот и секогаш преферирам да ми се кажат работите во очи.
– Тој го направи тоа, Луис Енрике сакаше промена во тимот и сакаше нешто нов. Јас бев долги години во клубот и тој посака други фудбалери. Немам ништо против него, имавме добар однос додека бев таму, јас тренирав максимално и не можеше да каже ништо лошо за мене. Таков е фудбалот, понекогаш мора да направите промени во кариерата, – вели Верати.
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Атлетикапред 24 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 17 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Италијапред 19 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот