Поврзете се со нас

НБА

Вембанјама искрен откако доби лекции на дебито во НБА лигата: Не знаев што правам на теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Летните подготвителни натпревари во НБА лигата се официјална најава за секоја нова сезона, а ова е период во кој посебно до израз доаѓаат играчите кои беа бирани на последниот драфт.

Виктор Вебамнјама како најголема ѕвезда и прв пик на драфтот заврши во Сан Антонио и одлучи да го одбие повикот за мундобаскетот со цел да се фокусира на НБА кариерата, но веќе на првиот тест веднаш научи лекција дека нивото во Америка е далеку повисоко од она на кое досега играше.

Французинот имаше катастрофален шут од игра 2/13 и погоди само една двојка и една тројка, но од друга страна беше перфектен од слободните фрлања и погоди четири.

Вембанјама го заврши мечот против Шарлот со 9 поени и 8 скокови, но и самиот знае дека процентот на шут му беше навистина лош, а беше жртва и на едно брутално постеризирање кое стана вирален хит.

Сан Антонио го доби мечот против Шарлот со 76:68, но Вембанјама самиот беше свесен дека не одигра добар натпревар на своето деби во НБА.

– Мило ми е што победивме на овој натпревар, не постои подобар начин да се започне НБА кариерата. Сепак, ако бидам искрен, едноставно не знаев што правам на теренот, но целта ми е да научам. Ова е подготвителен период и најважно ќе биде да се подготвам за регуларниот дел од сезоната, – изјави Вембанјама.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни