Поврзете се со нас

Македонија

Вардарци се огласија со драматично соопштение, одговори газдата на клубот: Мојата компанија доживеа финансиски крах…

Објавено

на

Најтрофејниот македонски клуб Вардар веќе долго време стои лошо на финансиски план и тоа е јавна тајна, но од лошо може да биде и полоши, а доказ за тоа е отвореното соопштение, писмо кое играчите го испратија во јавноста.

Тие посочија дека едностано се оставени сами на себе, сите работи мора да ги покриваат и притоа побараа од сопственикот на клубот Слободан Крстевски да си замине ако не е способен да го води истиот и да ги исполни договорените обврски.

Ова е писмото на играчите:

Соочувајќи се со веројатно најтешките моменти во историјата на клубот, ние играчите на ФК Вардар сакаме да ја известиме и да и ги доближиме на јавноста сите моменти кои ги преживуваме периодов, истовремено константно замајувани и залажувани со разни ветувања од кои ниту едно не е исполнето и покрај нашето професионално залагање на теренот каде со вонсериски напори достојно го презентираме името на најголемиот спортски бренд во Македонија.

Сакаме да известиме дека ние играчите, стручниот штаб, спортскиот директор Александар Бајевски, персоналот на клубот и навивачката група Комити сме буквално оставени самите на себе да ја биеме битката за враќање на Вардар во Првата лига. Од основни работи како закуп на стадион за натпревари кој ги покрива навивачката група, ручек пред натпревари кои ги обезбедуваме благодарение на пријатели сопстевеници на ресторани, самостојно собирање сопствени средства за закуп на автобуси за гостувања, перење на опремата, преку пријатели обезбедување опрема за тренинг и води за нормално функционирање и одржување на истиот.

Со лични заложби на еден играч е обезбеден и теренот за тренинг во населбата Кадино. Хируршката интервенција капитенот Дарко Мицевски ја плати од сопствени средства, додека голем дел од играчите немаат земено плата дури и по 10-12 месеци со што се донесени речиси на работ на егзистенцијата.

Ние играчите на ФК Вардар бараме сопственикот на клубот Слободан Крстевски доколку не е способен да го води клубот и навреме да ги исполнува договорените обврски, да го напушти и да го препушти раководењето на друг. Тажно е што мораме на овој начин да реагираме и да ја известиме јавноста со што се соочуваме додека истовремено ја водиме можеби и најважната битка во историјата на клубот. Со надеж и верба дека ќе проработи разумот и веднаш ќе се најде решение со кое несметано би продолжиле достојно и успешно да го презентираме Вардар, бренд кој тежи 12 шампионски титули и единствен учесник од државата во групната фаза на европските натпреварувања –се вели во соопштението

По ова се огласи и Крстевски со одговор во кој порача дека направил се за да го спаси Вардар, но и одново побара трпение за да се завршат преговорите со новиот спонзор. Воедно тој упати апел, покана до до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Како сѐуште актуелен сопственик на ФК Вардар чувствувам одговорност јавно да одговорам на писмото од играчите, стручниот штаб и навивачката група Комити. Иако тие се запознаени што се случува со мене и клубот во моментот, должен сум да одговорам и да ја запознаам јавноста. Јас клубот го превземав минатата сезона во лоша состојба, сите знаеме дека претходниот спонзор се откажа и дека во последен момент се појавив јас со мојата компанија да го превземам клубот, веројатно пред да згасне. Не сакам да барам изговори за мојот неуспех, но се сметам себеси за горд што како така успеав да го спасам најголемиот македонски бренд да преживее во најтешкиот период можеби од основањето.

Веќе неколку месеци сме во преговори и бараме решение со инвеститор од странство да го превземе раководењето на клубот, за тоа се запознаени стручниот штаб, кој патем присуствуваше на последниот состанок, така и играчите и навивачите. Она што сакам да потенцирам, јас пет месеци имав постапка да го превземам клубот, и само на чесен збор даден од претходниот сопственик финансирав без никаков документ додека клубот не биде префрлен на мојата компанија, што се случи на 20.01.2022. Компанијата која е заинтересирана за превземање на клубот, нормално, како во секоја европска земја, сака прво да ги среди сите потребни документи, па дури потоа да финансира во клубот, процес кој веројатно ќе потрае уште неколку недели.

Веќе подолг период не сум финансиски во можност да ги подмирам примањата на вработените во ФК Вардар, за жал мојата компанија претрпе големи загуби и доживеа финансиски крах. Периодов успевам да покријам дел од основните трошоци, колку сум во можност да може барем некако да функционираме како клуб. Голема благодарност за навивчката група која што помагаше периодот, како и до играчите и врботените што издржаа до сега, се тоа за Вардар, не за мене, тоа македонската јавност мора да го знае.

Јас останувам да помагам во клубот колку можам, продолжувам понатака во завршна фаза на преговори со новиот спонзор, за што директно ќе биде вклучен дел од стручниот штаб за да биде се транспарентно, но еве нека биде ова покана до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар, нека размислат малку сите каков бренд имаме и во каква состојба е, јас стојам на располагање на секој оној дали како поединец или како државна институција сака да помогне, или да го превземе финансирањето и раководењето на Вардар, до тогаш продолжуваме со преговорите со новиот спонзор, за кој сметам дека ќе биде решение на долги стази за Вардар. Вардар ќе живее!!!“’, стои во соопштението на сопственикот на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни