Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар покажа класа против Војводина и рутински победи на стартот во СЕХА лигата

Објавено

на

Колку и да звучи неверојатно, поради сите Ковид одложувања, Вардар својот прв натпрвар во новата натпреварувачка сезона во СЕХА лигата го отвори на крајот на месец јануари, а одлична вест е што македонскиот првак без никакви проблеми се справи со тимот на Војводина.

Вардар својот последен официјален натпревар го имаше на 25-ти ноември и после два месеци одново излезе на паркетот на средба со натпреварувачки карактер, па многу брзо стави до знаење дека не планира да му остави никаква простор за надеж на гостинот кој поведе со 0:1, а потоа прими шест гола во низа.

Водството од 6:1 за избраниците на Стевче Алушовски беше одлична најава за максималната контрола која ја имаше фаворитот на својот прв натпревар во новата СЕХА сезона, а тоа му дозволи на тренерот да им даде шанса на сите ракометари кои ги имаше на располагање.

„Црвено-црните“ го завршија првото полувреме во своја корист со 15:10, а потоа го намалија темпото, но сепак без никакви потешкотии го приведоа мечот до рутински крај (25:21).

Гоце Георгиевски со четири гола беше најефикасен од игра, Дибиров постигна исто толку голови од седум метри, а фантастичен натпревар имаше и Борко Ристовски кој забележа 10 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни