Македонија
Вардар и Алкалоид според планот во Суперлигата

Вардар еднсотавно нема конкуренција во својата група во Суперлигата и стигна до 12 од 12 во домашното првенство, остварувајќи нова рутинска победа над тимот на Охрид.
„Црвено-црните“ оваа сезона беа предизвикани само во два наврати од Алкалоид, тим кој по новиот пораз од Вардар, повторно се врати на победничките патеки и продолжи според планот.
Вардар не форсираше и одигра онолку колку што му е доволно за нови бодови против Охрид, а во победата од 32:25 посебно се истакна Манасков со осум гол, следен од Моралес и Талески кои постигнаа по шест погодоци.
На другиот меч, Алкалоид беше далеку поубедлив и повторно одигра меч со многу голови, а цената ја плати Струга која загуби со 44:29.
Серафимов постигна осум гола во победата на момците на Кирил Лазаров, а одлични беа и Петковски и Кофиловски со по седум реализации.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 22 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 23 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час