Поврзете се со нас

Европски првенства

Вардар собра три бода од ЕХФ, службени победи добија Пелистер и Металург

Објавено

на

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за мечеви кои во изминатиов период не можеа да се одиграт во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Неколку дуели беа одложени, меѓу нив и на нашите претставници Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург кои сега заработија службени победи и бодови на нивното конто.

Имено ЕХФ доби вкупно три бода за трите неодиграни натпревари од групата А во ЛШ и тоа два од битката со Флензбург која на зелена маса ја доби со резултат 10-0 и еден од дуелот со ПСЖ кој е регистриран со резултат 5-5.

Од друга страна пак „црвено-црните“ загубија и еден меч, против ПСЖ со 10-0.

Металург и Пелистер пак во Лига Европа добија службени триумфи од 10-0 во пресметките против Тулуз, односно Рајн-Некар Левен кои требаа да се одиграат во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни